еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж во Демир Капија го уби соседот, па се самоубил

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Основното јавно обвинителство Кавадарци се уште врши увид на лице место во зграда во која се пронајдени тела на две починати лица.

– Се преземаат дејствија за испитување на настанот, информираа од Јавното обвинителство за МИА во врска со убиството и самоубиството.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Демиркапиецот кој го уби соседот и порано го пријавувал за тропање од горе во полиција

МВР со детали за убиството и самоубиството во Демир Капија: Загинатите се на возраст од 34 и 72 години

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 29 лица, на возраст од 37 до 81 година

Редакција

Со Ковид-19 заболени вкупно 338 здравствени работници во Македонија, излекувани 249

Редакција

Останува забраната за организирање свадби, матурски и други свечености во угостителските објекти

Редакција