еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

66-годишен маж загина во сообраќајка кај Штип, неговата сопатничка тешко повредена

Министерството за внатрешни работи информираше дека маж на возраст од 66 години загинал во сообраќајка што се случи завчера на патот Велес-Штип.

Во несреќата учествувале „бмв“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А. (29) од с.Супурге, радовишко и патничко возило „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.П. (66) од селото Каратманово, Општина Лозово.

„Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот В.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатничката во возилото „сузуки“, Б.П. (60) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот А.А. се здобил со телесни повреди“, информираше МВР.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле возачот А.А. за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Редакција

Една година од кризата во Украина, нема суштински поместувања во делот на проширување, ниту јасна визија на ЕУ за процесот

Редакција

Арачиновец со автомобил се забил во куќа

Редакција