еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

70-годишен германски државјанин се загубил на Скопска Црна Гора, помош побарал преку службата за патишта на Германија

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а по јавување на германската служба за помош на пат, синоќа успешно било пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора.

Од ЦУК информираат дека изгубениот 70-годишен германски државјанин, кој зборувал и на турски јазик, немал македонски телефонски број при животозагразувачката ситуација и прво за помош се јавил во матичната државата Германија, по што почнала акцијата за негово спасување која успешно завршила.

-По пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице после селото Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат.

Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било исплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи немале можност за контакт со лицето. Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК.

Инаку, според развојот на настанот, Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18:00 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици (ПС) Мирковци и ПС Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, истото е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило (со погон 4Х4) за да се стаса до лицето.

Истовремено од ЦУК биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата, информираа од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пазарот за природен гас и од 1 јануари ќе продолжи да функционира, уверува Бислимоски

Редакција

Двајца го претепале во Медицинскиот центар Кичево

Редакција

(Видео) „Снегови“ нова песна на Александар Тарабунов

Редакција