еМагазин
Бизнис

72.000 компании добиваат субвенционирана струја, вели Бектеши

Моментално во нашата држава, 72.000 компании се на регулиран пазар и се снабдуваат со струја од АД ЕСМ. Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени се на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Неговите проценки дека цената на електричната енергија за стопанството ќе биде по 235 евра за мегаватчас не се точни затоа што таа ќе изнесува 200 евра, што значи разликата е 35 евра.

Моментално во нашата држава, како што посочи, 72.000 компании се на регулиран пазар и се снабдуваат со струја од АД ЕСМ.

– Само еден мал дел од компаниите, главно големите компании кои имаат од 1.000 до 2.000 вработени се на слободен пазар, а тоа значи дека тие се снабдуваат од одредени трговци кои се лиценцирани во нашата држава за да ги снабдуваат со електрична енергија.

Над 70.000 компании во нашата држава се снабдуваат како мали потрошувачи, бидејќи имаат под 50 вработени и немале обрт над 2 милиони евра согласно законот за енергетика.

Тоа значи дека сите тие добиваат цена од 200 евра по мегават час, а цената на струјата на слободниот пазар, на светските берзи во пикови е над 800 евра и ако направиме споредба на 800 со 200 евра, и ако утре на пример падне на 400 евра…тогаш како може да се тврди дека нема субвенција од државата, појасни Бектеши.

Министерот за економија порача дека сега е време кога сите треба да покажат дека вистински сакаат да се штеди електрична енергија, за како што рече да го намалиме притсокот врз АД ЕСМ, кој сега работи со 20 насто зголемено производство на електрична енергија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маратонска расправа во Собранието за договорот меѓу Владата и „Макпетрол“: Виси судбината на гасоводот

Редакција

Андреја Јосифовски купи акции од „Макпетрол“

Редакција

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Редакција