еМагазин
Image default
Македонија

732 возрасни пациенти и две деца заболени од Ковид-19 се лекуваат по болниците низ државата

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 128 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 19 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 10 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 61, а во болницата во Штип се 51 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 351 позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 565 случаи со Ковид-19 од 1.325 тестирања, најмногу во Скопје 230

Убава вест: Оздравени 154 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 58

21 починати од Ковид-19, најмладиот на 45-годишна возраст

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром „ита“ кон 900

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: ДУИ ќе коалицира со сите партии што ќе ги почитуваат Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија

Редакција

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

Редакција

Од Ковид-19 починале шест лица, дополнително пријавени уште петмина

Редакција