еМагазин
Image default
Македонија

Османи: ДУИ ќе коалицира со сите партии што ќе ги почитуваат Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија

Демократската унија за интеграција ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, изјави вицепремиерот за евроинетеграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма.

– Наш прв услов за коалицирање со која било партија е почитување на Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија. За нас е многу важно да има јавно преземање на обврска за имплементација на договорите, потенцира Османи, додавајќи дека во преговорите за идната влада „ќе седнат во демократски процес да ги понудат нивните аргументи“.

Тој се заложи за што поскоро формирање нова Влада која, како што рече, ќе биде тематска и ќе мора да биде посветена на спроведувањето на преговорите за членство со ЕУ.  Османи посочи дека откако ќе биде формирана Владата ќе биде составен и тимот за преговорите со Европската Унија, кој, според него, треба да има поддрша од сите субјекти во општетсвото.

Османи во интервјуто истакна дека ДУИ била единствена политичка партија на овие избори која што имала само позитивна кампања и немала негативна реторика кон никого.

Според него, концептот „премиер Албанец“ не е етничко прашање, туку е прашање на постигнување на рамноправност.

Тој нагласи дека 105 илјади Албанци го поддржале концептот за премиер Албанец, а над 80 проценти на анкета на јавното мислење исто така сметале дека е тоа добар концепт и е концепт којшто носи рамноправност, додавајќи дека барањето за Албанец премиер не може да се смета како уцена.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари

Редакција

Само едно лице донирало пари за изборната кампања на Стево Пендаровски

Редакција

Мотоциклист повреден во сообраќајка со возило на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски

Редакција