еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

735 милиони лица во светот гладуваат

Околу 735 милиони луѓе ширум светот во 2022 година се соочиле со хроничен глад, бројка која е многу повисока отколку пред пандемијата на Ковид-19, а исто така е и закана за напредокот кон глобалната цел – искоренување на гладот ​​до 2030 година, соопштија Обединетите нации.

Минатата година, се чини, привремено запре повеќегодишниот нагорен тренд на стапката на глад, бидејќи многу земји економски закрепнаа од пандемијата, но војната во Украина и нејзиниот притисок врз цените на храната и енергијата неутрализираа некои од тие придобивки, јавија ОН во својот годишен извештај за состојбата со храната и безбедноста во исхраната во светот (СОФИ).

Како резултат на оваа состојба, оценка на ОН е дека во 2022 година дури 122 милиони лица биле погладни отколку во 2019 година, а светот е „далеку надвор од трасата“ кон исполнување на Целта за одржлив развој на ОН за ставање крај на гладот ​​до 2030 година, се наведува во извештајот.

Напротив, со извештајот се предвидува дека до 2030 година дури 600 милиони луѓе ќе бидат неухранети.

-Гледаме дека гладот ​​се стабилизира на високо ниво, што е лоша вест, изјави Максимо Тореро Кален, главен економист на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во интервју за Ројтерс.

Главните двигатели на глобалниот глад во последниве години се нарушувањата предизвикани од конфликти, екстремните климатски ситуации кои го загрозуваа земјоделското производство и економските тешкотии влошени од пандемијата, се наведува во извештајот.

Имаше намалување на гладот ​​во некои делови од светот, вклучително и Јужна Америка и повеќето региони во Азија.

Но, гладот ​​расте на Карибите, Западна Азија и Африка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Владата велат дека македонската химна останува иста и текстуално и инструментално

Редакција

Како банките ќе можат да им олеснат на граѓаните во кризата со корона вирусот?

Редакција

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Редакција