еМагазин
Image default
Бизнис

75% од германските фирми во Македонија повторно би инвестирале тука

Вкупно 75 отсто од германските фирми во земјава, повторно би инвестирале тука, покажуваат најновите анализи на Делегацијата на германското стопанство.

Според директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс, шансите за Македонија се во металната, дрвната и прехранбената индустрија, во земјоделството, текстилот и чевларската индустрија, како и во ИТ секторот.

-Најголемиот дел од германските фирми се лоцирани во слободните зони и според анкетите, 75 отсто од нив повторно би инвестирале тука. Значи се задоволни, истакна Мартенс на Македонско-германскиот форум што го организираа денеска Фондацијата Конрад Аденауер, Делегацијата на германското стопанство и Институтот за демократија.

Мартенс се осврна и на предизвиците, напоменувајќи дека и натаму, клучни се корупцијата, како и бавните административни постапки, но и правните реформи, дополни, се важни.

-Во последните 10 години, С Македонија има изгубено и многу луѓе. Сите тука што инвестираат може да бидат успешни само ако има луѓе, рече директорот на Делегацијата.

Сепак, во моментов, заклучи, енергетската криза е најголемиот ризик за стопанството.

-Фирмите, за разлика од граѓаните, ќе мора да ги добијат цените на енергијата на слободниот пазар, тоа се однесува и на Европа и на Германија. Тоа е огромен проблем. Се уште не знаеме како фирмите ќе ја поминат оваа зима, подвлече Мартенс.

Тој во обраќањето на форумот ја потенцира и потребата од забрзување на процесот на декарбонизација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември 318 одобренија за градење и нови 618 станови

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните албански компании во Македонија?

Редакција

Цената на бензините и на дизелот останува иста

Редакција