Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
„Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице“, велат од ЦУК.
Како што додаваат оттаму, во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.
МВР потврди дека во пожарот настрадало 76-годишно лице.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.