Познат е идентитетот на ловочуварот кој вчера беше најден починат со прострелна рана од огнено оружје во близина на Виница.
Станува збор за 56-годишниот Д.А. од виничкото село Липец, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Виница, неговото тело било пронајдено во близина на градските гробишта во Виница.
Во врска со настанот се уапсени четири лица, од кои три се од Грција, И.Л. (24), Г.П. (80), С.Р. (55), и С.З. (57) од битолското село Жабени.
Извршени се претреси во нивните возила и во просториите во апартманите во Виница каде престојувале.
При претресите се пронајдени и одземени четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.
-Против Г.П. од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик (Убиство, н.з.), а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од полицијата.
ПОВРАНИ ВЕСТИ














