Ловочувар е пронајден починат со прострелна рана од огнено оружје во близина на Виница.
Истото како што информираа денеска од Основното јавно обвинителство Кочани, било дел од група за комерцијален лов.
Во рамки на истрагата се задржани тројца странски државјани и еден македонски, кои биле дел од истата група, а за нив надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.
Од Обвинителството велат дека во тек се дејствија за обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги.
-До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на убиениот ловочувар во Виница, осомничен за убиството е 80-годишен Грк
Фото: Унсплеш














