еМагазин
Image default
ЖИВОТ

81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 не се вакцинирани

Во периодот од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата 85.593 граѓанин се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица, покажува анализата на Министерството за здравство.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.

„Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани.

Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

78% од починатите од Ковид-19 од август лани до јануари годинава не биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска времето нестабилно со пороен дожд и грмежи

Редакција

Денеска нестабилно време, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Редакција

39-годишниот доктор Ненад Панов од Кочани почина од компликации од Ковид-19

Редакција