еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

39-годишниот доктор Ненад Панов од Кочани почина од компликации од Ковид-19

Триесет и деветгодишниот абдоминален хирург Ненад Панов од Кочани е најновата жртва на Ковид-19 и покрај напорите на медицинските лица да ја подобрат неговата здравствена состојба.

Панов ја загуби тринеделната битка со подмолната болест на една од приватните клиники во Скопје, откако во текот на ноќта имал две реанимации и состојбата му се стабилизирала. Сепак, рано изутрината лекарите го известиле семејството дека починал.

-Со голема тага ја примивме трагичната вест за ненадоместливата загуба на нашиот пријател Нено, кого ќе го паметиме како насмеан и ведар лик, подготвен секогаш да помогне, напишаа на социјалните мрежи неговите колеги од спортско-риболовното здружение од Кочани, во кое тој беше активен член.

Панов беше почитуван семеен човек, кој зад себе остави две малолетни деца, а граѓаните на Кочани се солидаризираа во прибирањето финансиска помош за неговото лекување.

МИА/Фото: Фејсбук/Панов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција

„Мист енерџи“ го доби тендерот на Собранието за набавка на струја вреден 498.000 евра

Редакција

Рош Македонијa се придружи кон глобалното движење на Унијата за меѓународна контрола на рак, заедно со неколку пациентски и граѓански здруженија

Редакција