еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска: Артан Груби го прекршил кодексот за однесување на носители на јавни функции

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека избраните и именуваните лица од страна на Владата, Фекми Јонузи, заменик-директор на КПУ Идризово, Абдул Селами, заменик –  директор на УЈП, Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, Назим Буши, заменик-министер за внатрешни работи и Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, постапиле спротивно од Кодексот за етичко однесување за владините членови и носителите на јавни функции именувани од страна на Влада.

Според Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), овие лица во текот на работното време учествувале на настан на 22.09.2021 година поврзан со изградба на водоводна мрежа во скопското село Долно Количани, што бил за време на изборната кампања за Локалните избори 2021 година.

ДКСК упати иницијатива до претседателот на Владата и до лицето назначено како одговорно за следење на спроведување на Кодексот, со цел, да се поведе постапка за утврдување одговорност за овие лица.

МИА/Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Димитар Ковачевски на „Отворен Балкан“ во Тирана: Заев им го претстави на Рама и Вучиќ

Редакција

И националниот кординатор Забрчанец во самоизолација, со Зекири имал состанок

Редакција

Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини

Редакција