еМагазин
Image default
Македонија

И националниот кординатор Забрчанец во самоизолација, со Зекири имал состанок

И националниот кординатор за стратегиски комуникации и поранешен портпарол на Владата, Марјан Забрчанец оди во самоизолација бидејќи имал состанок со потпреседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

“После веста дека другарот Мухамед Зекири има позитивен Ковид-19 тест, на препорака на епидемиолозите од денес сум во домашна самоизолација.

Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот.

Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата.

На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување.

Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас“, соопшти тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири

Јанушев негативен на корона вирусот

Новинарката Мрѓа која ја водеше емисијата со Зекири во домашна изолација, детали од телевизијата 24

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Фото: Фејсбук/Забрчанец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маска казнети 506 лица

Редакција

И Јован Деспотовски влезе во трката за нов лидер на СДСМ

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 527 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција