еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рама: ЕУ го изневери Заев, знаете ли што значи да се смени името на земјата

Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Опинион“ на „Клан“ телевизија, изјави дека настаните во Македонија се различни со оние во Албанија и оти ЕУ го изневерила премиерот Зоран Заев.

– Во случајот на Заев е сосема подруго и во тој случај сите други би го сториле истото, затоа што од Заев беше побарано да го смени името на државата. А знаете ли што значи да се смени името на земјата? Тоа е исто како да го смениш името, па наместо Февзиу да те именуваат во Сами, вели Рама.

Тој уште еднаш го повори ставот дека по неуспехот со неотворањето на преговорите со ЕУ нема намера да поднесе оставка и додаде дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа.

Рама одовори и на прашањето што му рекла германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Уставниот суд, кој во Албанија не функционира речиси две години.

– Постојат луѓе кои велат како можеме да отвориме преговори со Албанија кога нема Уставен суд. На овие луѓе им кажав што баравме во Албанија, ги замоливме да направат реформа во правосудството. Ако треба да се отворат преговори, Албанија мора да го направи она што го баравме, му рекла Меркел на Рама.

Според него, успех е што Албанија нема Уставен суд „затоа што е исчистен од реформата во правосудството“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол избра нов Управен одбор

Редакција

Здравствените работници да можат да користат годишни одмори, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Од „скршено срце“ почина сопругот на една од убиените учителки во масакарот во Тексас

Редакција