еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Системот за греење на болницата го предизвика енормното загадување во Куманово, велат од Општината

ЈП „Чистота и Зеленило“ од Куманово изврши аеросолизација за намалување на аерозагадувањето во градот. Општинскиот штаб за заштита и спасување во соработка со надлежните служби му наложија на претпријатието да изврши аеросолизација кво централното градско  подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честичките е највисока.

-Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Општина Куманово и дава брзи резултати за намалување на загадувањето на воздухот во градот, кое во изминативе неколку денови беше неколку пати повисоко во однос на дозволените гранични вредности, наведуваат од општина Куманово.

Одделението за животна средина од Општина Куманово соработува со Министерството за животна средина кое пак е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух континуирано ги следи промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.

-Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската Болница, непосредно до котелот за затоплување. Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички.

Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки. Проектната документација за изградба на траса до болницата со цел гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе.

Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој круцијален проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас, наведуваат од општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Малите од Аеродром беа насочени кон заштита на животната средина на интересен и уникатен начин во Капитол мол

Редакција

Влада: Постапката за избор на директор на НП „Галичица“ е целосно запазена

Редакција

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Редакција