еМагазин
Image default
Локално

Пожарот во Скијачкиот центар Маврово изгаснат со систем за вештачки снег

Сериозниот пожар кој беснееше во Скијачкиот центар Маврово е изгаснат. Во текот на вчерашната ноќ, по целодневните обиди од вработените на Скијачкиот центар и Националниот Парк да го изгаснат пожарот кој беше во близина на двосед жичарата, вработените од скијачкиот центар решија да го стават во употреба тукушто монтираниот систем за вештачки снег на двосед патеката.

Благодарение на водата од системот, пожарот беше изгаснат доцна во ноќта.

Од Скијачкиот центар Маврово се задоволни што помогнаа во гаснење на пожарот и намалување на поголемите штети кои можеше да ги предизвика.

„Скијачкиот центар Маврово секогаш своите капацитети ги става на располагање за заштита на животната средина и на убавините на Националниот парк Маврово и истовремено ги повикува надлежните органи да истражат околу предизвиканите пожари кои беснееа вчера низ планините на Македонија.

Исто така, скијачкиот центар се заблагодарува на вработените и на сите љубители на Маврово за загриженоста и иницијативата да помогнат во зачувување на убавините на Скијачкиот центар“, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврти ден блокади на приватните автобуски превозници, во сабота ќе се состане координативното тело

Редакција

Нова жртва во сообраќајка во Струмица, загина 37-годишен маж кај селото Самоилово

Редакција

Полицајци пукале во „порше“ кое се обидело да ги прегази, повредени две лица

Редакција