еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бранимир Јовановиќ: И окови да им се стават на текстилните работнички

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ реагираше на писмото кое сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер го упатија до министерката за финансии Нина Ангеловска, министерката за труд и социјална полтитика Мила Царовска и до вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во него, газдите бараат текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството. Тие дури се заканија и со штрајк, поради условите за водење на бизнис.

„Текстилните газди бараат да се продолжи работното време во текстилната индустрија на 8 и пол саати, зашто работничките имале пола саат пауза.

Ја мислам малце е 8 и пол саати, 12 треба да бараат. И да се работи 7 дена во неделата. И да се забрани одење во тоалет за време на работа. И излегување надвор од халата. И зборување да се забрани. И јадење и пиење. И окови да им се стават на работничките. И на секои десет работнички, по еден камшикар.

Зашто стварно не иде газдите да возат џипови од по 100.000 евра. Треба веќе и приватни авиони да почнат да купуваат“, пишува Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдите на конфекциите го потврдија нивниот робовладетелски однос кон текстилните работници, сметаат од Хелсиншки

фото: Фејсбук-профил на Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари бараат сет економски мерки и за нив

Редакција

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Редакција

На македонската трпеза во 2019 најприсутни лебот, јајцата, пилешкото и компирот

Редакција