На 31.10.2019 во 16.25 часот во Полициска станица Велес било пријавено дека во Итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Велес, информира МВР.
Според пријавеното, врз малолетникот паднала метална статива на игралиште во градскиот парк во Велес. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Велес.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.