еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новата ски-патека на Маврово доби име, избран „кумот“

Новата ски-патека која ќе биде отворена сезонава го доби името, а избран е и кумот кој се бираше на фејсбук-страницата на ски-центарот Маврово.

„Чест ни е да ви соопштиме дека името на новата патека во ски-центар Маврово ќе биде „52“ (педесет и два) во чест на 52-цата загинати градители на Мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и жители на неколку горнорекански села кои трагично го загубија животот во снежната лавина ноќта помеѓу 10 и 11 февруари 1956 година.

Кумот на новата ски патека е Оливер Мицевски, чиј предлог доби најмногу гласови, односно лајкови. Благодарност до него и до сите останати за креативните предлози. Повеќе детали околу обележување на патеката и поставување на знаците ќе објавиме дополнително“, информираат од ски-центарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова ски-патека во Маврово, награда за „кумот“ кој ќе предложи име на патеката

Фото: Фејсбук-страница на ски-центар Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонската компанија „Хорти Експерт“ ја „разубави“ амбасадата на САД во Косово

Редакција

AVON со нова донација продолжува со поддршката на борбата против рак на дојка

Редакција

УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра

Редакција