еМагазин
Бизнис

„Преселба“ на домашните градежници: Вредноста на договорените градежни работи во странство зголемена за 249%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − септември 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4.006.451.000 денари, што е за 249.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период,домашната градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 210.912.000 денари, што е за 80.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Министерството за финансии за набавка на струја вреден 191.000 евра

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните градски хотели во Македонија

Редакција

Општина Радовиш склучи договор со фабриката Карпош вреден 1,8 милион евра

Редакција