Пред неколку дена се случил „хибриден напад“ врз кабинетот на премиерот Зоран Заев од лица кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко, пренесува meta.mk.
Како што на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ истакна Марјан Забрчанец, специјален советник на премиерот, нападот, односно телефонскиот разговор на премиерот Заев и оние што се претставиле како Грета и таткото на Грета се случил, премиерот наводно се спосомневал во автентичноста на разговорот, но сепак решил да го доврши.
Според Забрчанец, овој напад бил „пософистициран од оној неодамнешниот на руските пракнери. Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“ и од американски телефонски број, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“.
По проверката било известено и семејството Тунберг.
Разговорот бил закажан преку македонско дипломатско претставништво.
Инаку, 16-годишната Грета Тунберг стана икона на светското еколошко движење.
Мета/Фото: Влада