еМагазин
Локално

Намалена видливост од 50 до 100 метри на патот Страцин – Крива Паланка

Намалена видливост подари појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Страцин – Крива Паланка и до 100 метри во Кичево.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаба посетеност на Охрид за празникот

Редакција

По 11 години уапсен маж од Порој осомничен за убиство

Редакција

Граѓаните од Кочани со апел за денеска: Не објавувајте видеа, не споделувајте фотографии, не користете сензационални наслови

Редакција