Партиските конгреси и конвеции уште сега ја загреваат атмосферата пред одржувањето на парламентарните избори закажани за април, следната година. Веќе се прават калкулации кој со кого би коалицирал, а главната дилема е околу прашањето дали ДУИ ќе успее да го задржи гласачкото тело, посебно поради тоа што на последните парламентарни избори во 2016 година таа загуби голем број пратенички места во однос на претходните избори.
Имено ДУИ освеои само 10 пратенички места односно речиси двојно помалку од некогашните 19 пратеници. Нејзините гласови очигледно ги собраа новите политички играчи Беса, која освои 5 пратеници и Алијансата за Албанците (3 пратеници), а дел и СДСМ.
Како што веќе беше најавено, можни коалиции и преговори за престојните избори веќе се водат меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива. Тоа го соопшти портпарлот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети кој рече дека уверени во победа се и самите, но, сакаат поуверлив исход на изборите.
„Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборната коалциија со политичката партија Беса и Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците меѓутоа сакаме победата да биде уште посилна, така што сме отворени и подготвени да имаме соработка со Алтернатива и со Беса. Разговараме со двете партии има желба и се надеваме дека заеднички ќе успееме за една предизборна колиација која дефинитивно ќе ја победи ДУИ и ќе го има легитимитетот на гласачите Албанци“, рече Беџети.
Доколку тоа навистина се случи, на ДУИ ќе и треба чудо за да освои мнозинство од албанските гласови посебно по дебаклот со Законот за употреба на јазиците, но и фијаското со преговорите со ЕУ.
Уште повеќе Демократската унија за интеграција на четвртиот конгрес, кој се одржа деновиве најави новини во партиските органи, но потворно го избра Али Ахмети на лидерската позиција, кој веќе две децении се „вози“ на старата слава од 2001 година.
За жал, од тогаш до денес освен за партиските кадри на ДУИ, Албанците во Македонија не видоа подобрување на живеачката и најголем дел од нив решија да си заминат, што предизвикува очигледен страв кај раководството на ДУИ и Али Ахмети со оглед на тоа што се спротиставија на спроведување попис во државата, кој бездруго би покажал дека Западна Македонија, каде што живее претежно албанско население е полупразна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови имиња во партиските органи на ДУИ: Се е менливо освен лидерот Али Ахмети
Фото/Фејсбук/ДУИ