еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинар од 1ТВ сведочеше за „Рекет“: „Боки 13 ми нарачуваше теми за телевизијата да живее од нешто“

Судењето за случајот „Рекет“ ќе продолжи на 3 јануари 2020, со сослушување сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, откако на денешното рочиште сведочеше Христијан Баневски, кој работел како новинар во 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13.

Баневски одговарајќи на прашања од обвинителката Вилма Рускоска, образложи како функционирала телевизијата и како добивале насоки за најава на одредени теми и вести.

„Требаше да прочитам најава дека ќе испратиме мостри на анализа на сите флаширани води на пазарот. Неколку пати за време на рекламите Бојан Јовановски инсистираше неколку пати да го повторам тоа, за после неколку месеци спонзор на телевизијата да биде „Пелистерка“ и кај мене на маса да се најде шише вода „Пелистерка““, изјави Баневски.

Потоа, добив барање од Јовановски да правам сторија за една месна индустрија од Велес.

„Кога го побарав газдата на фирмата „Агрија“, рече сведокот, тој ми се развика, а по некој месец самиот не бараше и прими на разговор, а јас дознав дека во меѓувреме се сретнал со Бојан. Ми рече па „вие не сте новинари, туку работите како рекетари”.

Од тоа јас бев навреден и потоа побарав образложение од Бојан и го прашав дали го рекетирате овој човек, на што ми одговори, дека оваа телевизија треба да живее од нешто. Јас реков дека не сакам да работам повеќе на такви приказни и ќе си заминам“, изјави Баневски.

Посочи дека потоа бил на некој начин дистанциран и повеќе не добивал такви задачи се до затворањето на телевизијата.

На прашање од Боки 13, дали како новинар во 1ТВ имал целосна слобода во правењето вести, на што сведокот рече да, освен во тие неколку случаи што ги посочив.

Боки 13 го праша сведокот дали тој имал работна задача да се грижи за маркетингот на телевизијата, сведокот рече не.

„На почетокот имавме апсолутна слобода, па и понатаму имавме слобода. Поради тоа и ме изненади начинот за случаите што ги кажав. Ме изненади и тоа како беше третирана темата со враќање на пасошот на Камчев. Бев суспендиран на еден месец, бидејќи објавив три работи за кои Бојан пред емисија ми рече дека не смеам да ги објавам“, рече сведокот.

МИА/Фото: Фејсбук/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГАК за 22-годишната почината родилка од Ковид-19: Пациентката двапати одби хоспитализација

Редакција

(Видео) Мицкоски обвини дека синоќа имало класична полициска монтажа чија цел била убиство

Редакција

Уставен суд ќе одлучува дали важат помилувањата на екс-претседателот Иванов

Редакција