еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски и по средбата со Заев, не го соопшти името на техничкиот министер за внатрешни работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и по средбата со премиерот Зоран Заев не го соопшти името на техничкиот министер за внатрешни работи.

„Името на техничкиот министер за внатрешни работи му го презентиравме на премиерот во заминување Зоран Заев, но тој побара време за дополнителни консултации. Немаше забелешки и дополнителни коментари. Се работи за професионалец и нов човек во политиката”, изјави Мицкоски по средбата во Владата.

Медиумите веќе објавија дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е Драган Ковачки, а потврдата ќе стигне за час или час и половина како што изјави Мицкоски.

Предлогот на опозициската партија  е прифатен од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети го прифаќа предлогот на Мицкоски: Tехничкиoт министер за внатрешни работи бил професионалец и ново име во политиката

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оглас за вработување на 300 професионални војници, плата од 30.552 денари па нагоре

Редакција

Џафери испрати телеграма на сочувство, Заев најави помош за Албанија

Редакција

Одлука на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе дебатираат за амандманите, ама нема да учествуваат во помирувањето

Редакција