еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најчитано на еМагазин во 2019: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Во серијал еМагазин ќе Ве потсети што на нашиот медиум најмногу се читаше измината година.

Дефинитивно најчитана е сторијата за поврат на 15% ДДВ, која Ви ја пренесуваме во целост:

Македонските граѓани ќе можат користејќи ја апликацијата „МојДДВ“ да бараат поврат на 15 отсто од данокот на додадена вредност за купени добра или користени услуги.

Од УЈП веќе информираа дека поврат на дел од ДДВ-то ќе можат да бараат само граѓаните кои се регистрирани на системот “е-Персонален данок“.

Преку апликацијата „МојДДВ“ треба да се скенира баркодот од фискалните сметки и на тој начин да се оствари правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Со пријавувањето на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 % од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

Правото на враќање на данокот се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Правото на враќање на данокот може да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена.

Враќањето на данокот може да се оствари во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари.

Владата очекува дека доколку граѓаните бараат фискални сметки со овој механизам да им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно и да се подобри фискалната дисциплина односно граѓаните да станат своевидни даночни инспектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчитано на еМагазин во 2019: Монасите од Бигорски ги спасија жителите на Гари од снежната блокада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службеничка од Пошта добила бизнис од ЕСМ вреден 7 милиони евра, објави ИРЛ

Редакција

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта

Редакција

Месецов со работа стартува интернет телевизијата Pressing TV

Редакција