еМагазин
Image default
Локално

Од 8 јануари за 20 денари од час поскапува паркингот во Општина Центар

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” донесе Одлука за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува, со цел да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Со оваа одлука од 8 јануари 2020 година, цените за паркинг за 1 час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе се покачат за 20 денари.

Од таму информираат дека ова покачување се однесува само за паркиралиштата со наплата, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти.

„Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со паркирањето и поминуваат по неколку часа во нивните автомобили барајќи слободно паркинг место. Жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, се вели во соопштението од ПОЦ.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ апелира до сите граѓани кои не се жители на Општина Центар да ги остават своите автомобили и да го користат повеќе градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети и т.н.) со кој значително ќе се реши сериозниот проблем со паркирањето во оваа општина, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка си „нашла“ куршум во автомобилот

Редакција

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија

Редакција

Брат и сестра од Скопје обвинети за напад врз полицаец

Редакција