еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео-Фото) Светскиот шампион во современ танц Анди заигра пред Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими 11 годишниот гостиварец, Анди Исмаили, светски шампион во современ танц.

На средбата, на која присуствуваа и неговите родители, Анди  го раскажа своето искуство од учеството на Светското првенство коешто во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.

Претседателот Пендаровски истакна дека Анди иако има само 11 години, тој веќе е амбасадор на нашата земја, бидејќи успева да ја промовира Северна Македонија преку уметноста на своето танцување.

И затоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, на талентираните млади луѓе државата треба да им дава безрезервна поддршка.

Младиот Анди на средбата со Пендаровски информираше дека негов следен предизвик е европското првенство во џез, современ и класичен балет, коешто во јуни годинава ќе се одржи во Национална опера и балет, во Скопје.

Талентираниот Анди Исмаили е член на танцовото студио „I Dance” од Гостивар. За кореографијата со којашто тој победи на првенството во Полска, му помогнале тренери и кореографи и од студиото „Брејк а Лег“ од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анди Исмаили од Гостивар светски шампион во современ танц за деца

Фото: Кабинет на претседателот/Видео/Фејсбук на Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија остана само со еден функционален „ер трактор“ за гасење пожари

Редакција

Максимум 4 лица од различни домаќинства може заедно во домашни услови да ја чекат Новата година

Редакција

Албанскиот фудбалер им се извини на Македонците без да ги спомне

Редакција