еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Галерија) Завршува Вевчанскиот карневал: „Се напрај василичар?! – Се напрајв!

„Повторно докажавме дека сме карневал кој може да се носи рамо до рамо со останатите светски карневали. Задоволство е да се видат своите жители, пријатели, семејството и посетителите на Вевчански карневал како уживаа во богатата музичка програма, но и во новитетите на овогодинешниот карневал. Срцето ми е полно! Ние сме неуморни и единствени! На нашата креативност и нема застој!

Во името на Општина Вевчани и вевчанци сакам да ви ја честитам Новата Година, да ви посакам здравје, бериќет и благосостојба. Ве чекаме и до година да ни дојдете во поголем број и со уште побројни маски“, изјави градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски

Вевчани два дена наликуваше на отворена театарска сцена, над 1.000 маски, повеќе од 10.000 посетители од земјава и странство и само една порака „Среќна и бериќетна Нова година“.

Програмата започна на 12-ти јануари, со спектакуларните настапи на македонските ѕвезди Влатко Лозаноски, Eye Cue, Brass Brothers и Dj Todoroff до доцна во ноќта.

Наредниот ден, на 13-ти јануари започна главното дефиле на маските низ улиците на Вевчани. Можеа да се видат невестата, младоженецот и Глупи Август како ја предводат поворката од рекордниот број на маски во последните неколку години. Глупи Август со карактеристични извици и потези ги избркаа злите духови и го отвори патот за дочекот на Православна Нова Година на полноќ.

Вечерта македонскиот мелос ги развесели вевчанци. Дамјан Стојаноски, Татијана Стефановска и дувачкиот оркестар Веселата дружина ги дигнаа на нозе присутните и со спектакуларен огномет организиран од општина Вевчани ја дочекаа новата година.

Традиционално, како и секоја година, Вевчанскиот карневал завршува со василичарското оро и палење на маските на сретсело на двете василичарски друштва, Горна и Долна маала. Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото , и ќе имаат среќна и бериќетна година.

Подготовките за следната година вевчанци ги започнуваат уште утре. 365 дена велат се доволни за во 24 часа да се претстават актуелните случувања во државата и светот на сатиричен начин преку упатување на силни пораки кон општеството и политичарите.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не можев да го чекам завршување на истрагата кога ја видов загриженоста на родителите на Пендиков, рече Османи

Редакција

Најмладото на 39 години: Од Ковид-19 починаа 7 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Цените на производителите на индустриски производи во јануари зголемени за 11,5%

Редакција