Струмичанецот Васил Гарванлиев е преставникот на Македонија за овогодинешново издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Ротердам, Холандија, одлучи МРТВ.
Песната допрва ќе се избира.
Гарванлиев на македонската јавност најмногу и е познат по песната „Марионка“, која ја изведе пред неколку години на фестивалот “Златно славејче“.
Оваа нема да му биде прво појавување на Евровизија. Минатата година беше дел од тимот кој ја преставуваше Македонија на Евровизија во Израел. Ги пееше придружните вокали на Тамара.
Неколку години помина во САД, Италија и Канада, а пред извесно време се врати во Македонија и објави неколку песни, меѓу кои се и „Ѓердан“ и „Патувам“.
Неодамна ја промовираше и песната „Моја улица“.
Фото: Фејсбук/Гарванлиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.