еМагазин
Image default
Локално

Уапсен скопјанец: Со закани по животот сакал да изнуди пари од жена што ја запознал преку социјалните мрежи

Полициски службеници од Тетово во соработка со служби од Министерството за внатрешни работи привеле скопјанец по кого имало потерница за издржување затворска казна за дело од 2011 година, а во меѓувреме за него имало уште една пријава. Тој од жена од Селце се обидел да изнуди 10 илјади евра.

„Вчера околу 19:20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, лишен е од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна. И.Р. со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот.

Инаку, вчера во 14 часот А.К.(34) од тетовско Селце, која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто и се заканувал по нејзиниот живот и и барал 10 илјади евра“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

По приведувањето во СВР – Тетово, 34-годишниот скопјанец е предаден во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден моторџија откако со „Хонда ЦБР“ удрил во ограда

Редакција

Пукал на семејна веселба во двор

Редакција

Украдени 162 пригушувачи од поранешната фабрика за оружје во Самоков

Редакција