еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Радио МОФ со „30 прашања“ до студент од студентски дом: Филмскиот наслов на животот би бил „Самоуништување“

Радио МОФ направија 30 прашања и 30 одговори со студентот Александар од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

За видеото ќе речат дека секоја сличност со форматот на видеата на владините функционери е намерна.

Најомилениот дел од животот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ на Александар му е дружбата и заедничкото пеење. Најтешкиот дел му е навикнување на бањата и тоалетите.

Најмногу го плаши празниот студентски дом. Најлудата работа што му се случила во домот е што низ ходникот се имаат возено со количка за пазарење од Рамстор.

Стеротип за студент кој е сместен во студентски дом најмногу го нервира кога луѓето мислат дека студентите се изолирани од светот и ги прашуваат: „Каде излегувате навечер“? „Не излегуваме!!!“.

Три збора со кои го опишува животот во Кузман е што „не се опишува, се доживува.“

Најголемиот проблем за животот во Кузман е ограничувањето до 22 часот со топла вода ако ја има воопшто. Најкул за него е што се дружи со многу студенти, се учат различни дијалекти, дознаваш за места дека постојат, а немаш ни слушнато дека постоеле до пред тоа.

Последен оброк од менза му бил грашок-манџа. Месото од менза му е ок: „стечке, кременадличе си крцкаат“. Најнеомилена храна во менза му е макарони манџа со похована плескавица.

Од стан и студентски би избрал студентски и покрај сите недостатоци на управата и зградата, дружбата е незаменлива.

Во соба учењето му е подобро од читалната каде што се уште го поправаат греењето. Најдобра дружба има во соба, спрат, двор, таму каде што ќе се соберат.

Од државните мерки за студенти најмногу е задоволен од ЈСП бесплатниот билет. Најразочаран е од тргање на бонскиот систем и ставање на картичка со што го уништиле квалитетот на кујната и ја уништиле продавницата во која можело да се купува со бонови. Најголема мотивација му е брат му.

Со цимерот најмногу се согласуваат за се, освен за прашањето дали да се готви во соба или на тераса. Кога неговиот студентски живот би имал име би се викал: „Самоуништување“.

На 10-годишниот Александар, од оваа перспектива би му кажал: „биди храбар, чекори право и биткоинтите се вистински“.

Доколку може да бира во која држава би се родил тоа би било Шведска, а Македонија би била на петто место.

(НЕ) ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Која е Царовска приватно: Сака да сними дует со Бредли Купер, омилен филм и е „Џокер“

(Видео) Кој е Спасовски приватно: Лесно избувлив, но истраен

(ВИДЕО) Шекеринска приватно: Ако не бев политичар, ќе станев учителка

Фото/видео: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опасност од пожари: Не очекува пекол со температури над 35 степени

Редакција

Секреторен отит кај децата – значењето на раната дијагностика и третман

Редакција

„АстраЗенека“ е безбедна и сите вакцини штитат од мутираните соеви на Ковид-19, вели Докиќ

Редакција