еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) „Не сме од Кина“: Тајванци се шетаа со натписи низ Шибеник

Хистеријата поради коронавирусот се шири низ светот, а колку работите се излезени од контрола зборува и приказната која ни доаѓа од регионов.

Имено деновиве, како што објави morski.hr во Шибеник, Хрватска, турсти од Тајван се шетаа по градов со натпис „Не сме од Кина“.

Нивниот туристички водич Ана Ниниќ за morski.hr вели дека локалците ги избегнувале, децата им се смееле и ги фотографиле, а имало и случка каде жена ги покрила своите нос и уста додека поминувала покрај нив.

„Во суштина, сите се смееја, па на крај турата не беше важна. Но, и тие ме прашаа дали низ Хрватска ќе сретнат групи од Кина, бидејќи и тие се плашат. Штом излегоа од автобусот, жената на станицата која работи пред тоалетот ме праша дали тие се од Кина? Јас реков Тајван, а нивната придружничка разбра и им кажа, по што тие умреа од смеа и ме прашаа како се вели на Хрватски: „Не сме од Кина“, раскажа Ниниќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на коранавирусот

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

Корона вирусот „пристигна“ во Европа: Во Германија потврден првиот случај

Фото: Ана Ниниќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска полициски час и без музика на Закинтос и во градот Ханија на Крит

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе

Редакција

Која е Емилија Стојменова Дух, македонка, која стана министерка во новата словенечка влада

Редакција