еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите на коранавирусот

Од коронавирусот кој се прошири во неколку земји низ светот, во Кина досега починале 54 лица, а 324 се во критична состојба, објавија кинеските медиуми.

Само во Кина од овој вирус се заболени околу 2.000 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се скенираат патници од Истанубл и Дубаи, од утре превентивни мерки за коноравирусот

Кои се симптомите?

Досега непознатиот вирус се појави кон крајот на минатата година на животински пазар во Вухан.

Симптомите се треска, кашлица и отежнато дишење, а Кина информираше дека вирусот мутира и може да се пренесе преку контакт од човек на човек.

Најпогодени се постарите лица и оние со хронични заболувања.

Научниците се надеваат дека ќе ги тестираат првите можни вакцини по три месеци.

Секој заразен со новиот вирус ја пренесува заразата во просек на две или три лица

Според американските медиуми, кои се повикуваат на научна анализа, секој заразен со новиот вирус ја пренесува заразата во просек на две или три лица.

Ова е така според тековната брзина на ширење, за што експертите велат дека е директно под влијание на тековните мерки за контрола и превенција на болести. Тие мерки би требало да го спречат ширењето на заразата во најмалку 60 проценти од случаите, тврдат научниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР препорачува да не се патува во кинескиот град Вухан поради коронавирус

Пекинг ги откажа прославите за кинеската Нова година поради коронавирусот

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Фото: Darley Shen/Reuters

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка

Редакција

Нови 78 случаи на Ковид-19 од 860 тестирања

Редакција

Висока бројка на починати од Ковид-19: 24 во болница и тројца во домашни услови

Редакција