еМагазин
Image default
Македонија

Каракачанов од Битола порача: Гоце Делчев самиот напишал што е, нема смисла тоа да се спори

Треба само малку повеќе да се чита и да се развива културен дијалог, а не политички караници. Политичарите може да се расправаат уште 200 години, а од тоа нема добивка, напротив губат граѓаните. Политичарите печалат на сметка на граѓаните, а граѓаните губат од неодговорни политичари, порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за време на престојот во Битола, а во контекст на македонско-бугарските преговори и спорот за револуционерот Гоце Делчев.

Според Каракачанов добро е што двете држави го слават Гоце Делчев, го почитуваат и двете држави имаат споменици од него.

„Треба решение за проблемот на тема Гоце Делчев бидејќи историјата е јасна, а и самиот Гоце Делчев напишал што е и кој е и затоа нема смисла да се спори. Државата Македонија и државата Бугарија, односно двете држави го почитуваат, двете држави имаат споменици на Гоце Делчев. И за да не спориме, најдобро е да прочитаме што тој сам напишал“, вели Каракачанов.

Прашан за тоа дали книгите со воено-историска тематика помагаат за подобро разбирање, бугарскиот министер одговори дека фактите овозможуваат решавање на проблемите.

Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија, на покана на битолското здружение „Иван Михајлов“ ги промовираше книгите за полковникот Дрангов, кој бил роден во Скопје и ден денес се изучува во бугарската воена академија како најпопуларен бугарски офицер од времето на Балканските и Првата светска војна, потоа книгата за академик Ѓорги Марков и книга за Тодор Александров.

МИА/Фото:Фејсбук:Каракачанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови четири случаи на Ковид-19 од 1.337 тестирани, бројката на активни е 426

Редакција

Не очекува нов бран на зараза со корона вирусот на есен

Редакција

Две починале дома: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција