еМагазин
Image default
Македонија

Заев на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро им презентирал аудио-материјали, но не им дал копија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, сведочи на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд.

Заев кажа дека сите материјали кои ги поседувале во СДСМ и во кои имал увид како претседател на партијата, биле предадени во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Исто така додаде дека од самиот увид на материјалите се гледа дека нема целосно континуитет, односно луѓето кои биле вработени во МВР не можеле секогаш да земаат копии од тие материјали и да ги достават до тогашната опозициска СДСМ.

Заев потврди дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“. На една од средбите, дел од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им презентирал аудио-материјали кои ги побарале, без да им даде копија.

За тоа што јавно не ги објавил материјалите, Заев рече дека единствена причина била што сметал дека не постои целовитост за создавање целосна слика, и затоа на крајот решил, се што поседува, да не биде објавено, туку дека да биде доставено до СЈО, за тие да ги употребат за докажување на вистината за „Монструм“ пред судот.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА/фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Не поседувам ниту сум видел докази за инволвираност на Вељановски во „Монструм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежен работник е новиот позитивен на корона вирусот во Кавадарци

Редакција

И друго бугарско здружение во Македонија загрижено за Бугарите во земјава

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција