Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола Сашо Јанакиевски, газда на фирмата „Еко клуб“, објави „sdk.mk“.
Од Министерството за надворешни работи потврдиле дека вчера добиле нота од унгарското МНР дека го отповикуваат почесниот конзул во Битола, назначен во септември 2012 година, а отповикувањето, според нотата, стапува во сила веднаш.
Нотата била без куса, без образложение. Според процедурата, одлуката на унарското МНР треба да ја констатира Владата.
Компанијата „Еко клуб“ несоодветно, односно термички необработено доставувала медицински отпад во „Дрисла“. Градоначалникот Петре Шилегов објави видео на кое се гледаше како кучиња-скитници се хранат со медицинскиот отпад, во кој имало и човечки остатоци.
Обвинителство ја продолжува предистражната постапка за овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шилегов: Кој е овде луд со случајот со „Дрисла“?
Фото: Град Скопје