еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Мобилен мерач и катастар на загадувачи во Карпош

Со набавка на мобилен инструмент, Општина Карпош предвидува мерење на загадувањето на амбиенталниот воздух (PM10, PM2,5, CO2, SO2, NO2, CO). Веќе извесен временски период овој инструмент се тестира на територија на Карпош, а придобивките, како што посочуваат од Општината, ќе бидат од поголемо значење.

– Со овој уред, кој се развива преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во реално време ќе може да се утврди загадувањето на која било одредена локација, а со тоа на поефикасен начин да се детектираат потенцијалните загадувачи на животната средина. Овој мобилен инструмент е во вредност од 500 илјади денари, соопшти Општина Карпош.

Со усвојувањето на еколошкиот план за 2021 година, додаваат, Советот даде „зелено светло“ и за ажурирање на Катастарот на загадувачи.

– Станува збор за физички и правни лица, деловни субјекти кои загадуваат или се потенцијални загадувачи на територијата на општина Карпош, наведуваат во соопштението.

Овој Катастар, појаснуваат, е база на податоци и за индустриските капацитети (местоположба, тип на активности, капацитет, услови во ИСКЗ дозволите), со што се овозможува следење на емисиите на загадувачки материи.

– Дополнувањето на овој Катастар ќе ја чини локалната самоуправа 300 илјади денари и истиот ќе овозможи системски третман на еден од најголемите проблеми на национално ниво – аерозагадувањето, велат од Општината.

Во текот на 2021 година, преку еколошкиот план на Карпош ќе се спроведе и едукативна кампања на граѓаните за поголемо користење на обновливите извори на енергија, изградба на фотоволтаични системи, примена на енергетско – ефикасни фасади и зелени покриви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Интересна идеја на „На точак“: Прва од четирите приказни, што може да биде велосипедска патека

Редакција

Повеќе од 40.000 административци ќе чистат со „Не биди ѓубре“ на 14 декември

Редакција

Групација за обновливи извори на енергија: Малите хидроелектрани се иднината, како најефикасен и најзначаен обновлив извор на енергија

Редакција