еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Платформата за родова еднаквост бара работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на маршот за 8 Mарт

Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски во понеделник на 8 март, од 14:00 до 17:00 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.

-Платформата за родова еднаквост секоја година на 8 март организира марш со цел унапредување на состојбите со правата на жените. Оваа година маршот е посветен на потребата од поголема заштита на жртвите во случајот „Јавна соба“ и кривичен прогон на сторителите на сексуално насилство и сексуално вознемирување.

Со маршот ќе побараат систематска и доследна заштита на жртвите во сите случаи на насилство врз жени и родово засновано насилство, преку унапредување на работата на клучните институции, велат од Платформата.

Бидејќи родово заснованото насилство е проблем кој го засега целото општество, потенцираат од Платформата, тоа е одговорност на сите чинители, а работодавачите треба да го поддржат овој марш со тоа што ќе овозможат жените да присуствуваат.

-На ваков начин работодавачите ќе се претстават како општетсвено одговорни чинители кои застануваат на страна на жените жртви на насилство, велат од Платформата за родова еднаквост.

Насилството над жените ги засега и работните односи, од една страна, тоа се појавува и во работни средини, најчесто во форма на мобинг и вознемирување, за што работодавачите имаат обврска да преземат превентивни и заштитни мерки.

Од друга страна, насилството над жените има негативно влијание на нивното здравје, работоспособност, посветеност на работата и кариерното унапредување создавајќи бариери за еднакво учество на пазарот на трудот.

-Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба и сите жртви на родово засновано насилство.

Зад статистиките стојат женски лица. Маршираме за да ги потсетиме интитуциите МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања, се вели во објавата на Маршот за 8 март.

Фото: Photo by lucia on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доказ дека болничкиот систем крахираше е што хоспитализацијата не можеше да го следи бројот на активни случаи на Ковид-19, вели проф.Трајковски

Редакција

Доктор Спасовска: Годинава имаме заболени со Ковид-19 тинејџери со посериозна клиничка слика

Редакција

Жените возат побезбедно од мажите

Редакција