еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Создаден во 1949 година: Што пишува во договорот за членство во НАТО?

Македонските парламентарни политички партии вчера едногласно со 114 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“ го изгласаа законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во јавноста познат како „Протокол за члнество во НАТО“.

Ратификацијата во Собранието е последниот чекор во земјата за зачленување на Македонија во НАТО алијансата, што би требало да се официјализира откако протоколот ќе го ратификува и шпанскиот Парламент.

Претходно сите преостанати земји-члнеки на НАТО го ратификуваа протоколот за зачленување на нашата земја во алијансата.

Северноатланскиот договор прв пат е потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, а изменет е со Протоколот кон Северноатланскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишан во Лондон на 17 октомври 1951 година.

Станува збор за договор за колективна одбрана што меѓудругото предвидува дека ако некој утре ја нападне САД, Турција, некоја од европските членки или нивните бродови и авиони, нашата земја ќе треба да застане во одбрана од таков напад.

Со оглед на важноста на овој докумет во целост Ви ја пренесуваме неговата соджина:

Страните на овој Договор ја потврдуваат својата верба во целите и во принципите на Повелбата на Обединетите нации и нивната желба да живеат во мир со сите народи и со сите влади.

Тие се решени да ја чуваат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на своите народи, засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото.
Тие се стремат да промовираат стабилност и добросостојба во Северноатлантската област.

Тие се решени да ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста.

Затоа, тие се согласуваат со овој Северноатлантски договор:

Член 1 

Страните се обрзуваат, како што е утврдено во Повелбата на Обединетите нации, да решат каков било меѓународен спор во кој тие можат да бидат  инволвирани, со мирни средства, на начин со кој нема да бидат загрозени меѓународниот мир, безбедноста и правдата и дека во рамки на своите
меѓународни односи ќе се воздржат од закани или од употреба на сила, на каков и да е начин што не е во согласностсо целите на Обединетите нации.

Член 2 

Страните ќе придонесат кон натамошен развој на мирните и пријателски  меѓународни односи, преку зајакнување на нивните слободни институции, со цел да се овозможи подобро разбирање на принципите на кои се засноваат овие институции и преку промовирање на услови за стабилност и добросостојба. Тие ќе се обидат во своите меѓународни економски политики да ги отстранат судирите и ќе ја поддржуваат економската соработка меѓу некои од нив или со сите.

Член 3 

Со цел што поефикасно да се постигнат целите на Договорот, страните – поединечно и заеднички – преку континуирана и ефикасна самопомош и заемна помош, ќе ги одржуваат и ќе ги развиваат своите индивидуални и колективни способности да спротистават на оружени напади.

Член 4 

Страните ќе се консултираат зеднички секогаш кога, според мислењето на било која од нив, постои закана по територијалниот интегритет, политичката независност или по безбедноста на која било од страните.

Член 5 

Страните се согласни дека оружениот напад против една или повеќе од нив во Европа или во Северна Америка ќе се смета за оружен против сите нив и поради тоа се согласни дека доколку се случи таков оружен напад, секоја од нив, користејќи го правото на поединечна или колективна самоодбрана признаено со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ќе и помогнат на
страната или на страните кои се нападнати, преземајќи – поединечно и во соработка со другите страни, мерки што се сметаат за неопходни, вклучувајќи и употреба на оружени сили,заради возобновување и одржување на безбедноста во Северноатлантската област.

За секој таков оружен напад и за сите мерки преземени како резултат на истиот, веднаш ќе биде известен Советот за безбедност. Таквите мерки ќе бидат прекинатикога Советот за безбедност ќе преземе мерки коишто се неопходни за возобновување и одржување на меѓународниот мир и безбедност.

Член 6 

Во смисла на член 5, оружен напад на една или повеќе страни се смета дека
вклучува оружен напад:

На територијата на која било страна во Европа или Северна Америка, врз француските департмани во Алжир, на територијата на Турција или на островите под јурисдикција на која и да е страна во
Северноатлантската област северно од Повратниот на ракот;

Врз силите, бродовите или авионите на која било од Страните , кога тие се наоѓаат во или над овие територии или во која и да е друга област во Европа во која биле стационирани окупациски сили во која било од страните на денот кога стапил во сила Договорот или во Средоземното Море или Северноатлантска област северно од Повратникот на Ракот.

Член 7 

Договорот не влијае и нема да се толкува како да влијае на кој било начин врз правата и обврските кои произлегуваат од Повелбата за Страните кои се членки на Обединетите нации или на првичната обврска на Советот за безбедност за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

Член 8 

Секоја страна изјавува дека ниту еден од меѓународните ангажмани што се во сила меѓу неа и која било од другите страни или некоја трета држава не е во спротивност со одредбите од овој Договор и се обврзува да не склучува било каков меѓународен аранжман што е во спротивност со овој Договор.

Член 9 

Страните организираат Совет, во кој секоја од нив ќе има свој претставник, заради разгледување на прашањата во врска со имплементацијата на овој Договор. Советот ќе биде организиран така што ќе можево било кое време да се состане брзо. Советот ќе воспостави помошни тела, во зависност од потребите. Конкретно, Советот ќе воспостави одбранбен комитет кој веднаш ќе предложи мерки за имплементација на членовите 3 и 5.

Член 10 

Страните можат, со едногласен договор, да поканат која било европска земја да се приклучи кон овој Договор доколку таа може да ги унапреди принципите на овој Договор и да придонесе кон безбедноста на северноатлантската област.

Секоја држава којашто е поканета на овој начин, може да стане страна во овој Договор, преку депонирање на својот инструмент на пристапување кај Владата на Соединетите Американски Држави. Владата на САД ќе ги информира сите страни за депонирањето на секој таков инструмент за пристапување.

Член 11 

Овој договор ќе биде ратификуван и неговите одредби ќе бидат спроведени од станите во согласност со нивните односни уставни постапки. Инструментите за ратификација ќе бидат депонирани кај Владата на Соединетите Американски Држави, колку што е можно побрзо, која ќе ги информира сите други потписнички за секое депонирање. Договорот ќе стапи во силамеѓу земјите кои го ратификувале веднаш штом ратификациите на поголемиот број потписнички, вклучувајќи ги ратификациите од страна на Белгија, Канада, Франција, Луксембург, Холандија. Обединетото Кралство и САД, ќе бидат депонирани а во однос на другите држави ќе стапи во сила на денот на депонирањето на нивните ратификации.

Член 12 

Откако Договорот ќе биде во сила 10 години, или во кое било време по тоа, Страните, доколку некоја од нив го побара тоа, ќе се консултираат заради разгледување на Договорот, земајќи ги предвид факторите што во тој момент влијаат на мирот и безбедноста во Северноатлантската област, вклучувајќи го и развојот на универзалните, како и на регионалните активности, во согласност со Повелбата на Обединетите нации заради одржување на меѓународниот мир и безбедност.

Член 13

Откако Договорот ќе биде во сила дваесет години, секоја Страна на Договорот ќе може да престане да биде страна, една година откако ќе достави барање за откажување до Владата на САД, која ќе ги информира владите на другите страни за депонирањето на секое известување за откажување.

Член 14 

Овој Договор, чијшто англиски и француски текст се сметаат за подеднакво автентични, ќе биде депониран во архивите на Владата на Соединетите Американски Држави. Таа Влада ќе достави соодветно заверени копии до владите на другите земји-потписнички. Во сведоштво на тоа, долупотпишаните овластени лица, го потпишаа овој Договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Кои пратеници гласаа за ратификација на протоколот за НАТО?

Македонското Собрание едногласно го ратификува протоколот за НАТО

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Редакција

ЈП Паркинзи на општина Центар купува систем за препознавање возила за два милиони денари

Редакција