Како и за тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица, и за новиот мост на реката Брегалница во Штип, кој треба да се пушти денеска, се играше чочек.
После 2 години застој, добивме мост, кој мораше да се прослави со чочек и веселба. 😂😂😂 pic.twitter.com/OEy9KoGHaQ
— RajnaBureva (@RajnaBureva) March 1, 2020
Мостот ги поврзува најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки Рид, Света Недела, 8 Ноември и Автокоманда со индустрсикиот дел на градот.
Челичниот мост на реката Брегалница е тежок 240 тони, долг е 60, широк е десет метри, од едната страна има и тротоарна површина, по која ќе се движат пешаците.
Мостот е единствен патнички лачен мост во Македонија.
Фото: Општина Штип/видео: Твитер
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.