еМагазин
Image default
Локално

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово: Се тепале штипјанка и скопјанка и две тетовчанки

Тетовската полиција бележи два случаи на физички пресметки меѓу жени. Првиот се случил вчера околу 10 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово.

„Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 28-годишната К.Т. од Скопје и 36-годишната Н.М. од Штип, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе им се изготват поднесоци“, соопшти СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден, М.Н.(27) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 15-ти овој месец околу 23 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на тетовско средно училиште, била физички нападната  од А.М.(23), исто така, од Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во пожар на стариот полигон под Кале изгореа пет автомобили

Редакција

Масовна тепачка во џамија во општина Пласница

Редакција

(Фото) Изживување: Бел коњ „паркиран“ до дрво сред Битола

Редакција