еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Викендов нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР за викендов најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти, утре претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се движи од минимални 9 степени во Маврово до максимални 32 во Гевгелија.

И во следните денови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела температурата ќе биде од 10 до 30 степени.

Слични вредности се прогнозираат и за периодот од понеделник до четврток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на новите соеви на омикрон БА 4 и 5

Редакција

Просветната работничка од Непроштено, Богдановска го победи коронавирусот и даруваше крвна плазма

Редакција

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Редакција