Управниот одбор на „Реплек“ АД Скопје за престојното Собрание на акционери закажано за 8 април, годинава предлага одлука за распределба на добивка по годишната сметка на компанијата со која се предвидува исплата на дивиденда во нето износ од 3.751 денари по акција, односно бруто износ од 4.168 денари по акција.
„Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 21.04.2020 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 22.04.2020 година.
Правото на акционерите за исплата на дивиденда Ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 23.04.2020 година“, соопшти компанијата преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“ за 33.000 евра
„Реплек Фарм“ ќе извезува екстракти од канабис за медицинска употреба под брендот „Каноил“ во САД