еМагазин
Image default
Македонија

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на наши државјани кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети, соопшти МНР.

„По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа“, се наведува во соопштението од МНР.

Во Малта, како што информираат од МНР, нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул, во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.

Од МНР информираат дека дополнително било одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.

„Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани“, велат  од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора аеродромот во Охрид поради коронавирусот

Влада: Да се затворат гранични премини Требиште и Блато и ски-центарот во Маврово

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Гир: Македонија е на крстопат поради корупцијата

Редакција

Нови 361 случаи на Ковид-19 од 3.028 тестирања

Редакција

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Редакција