еМагазин
Image default
Балкан

Бизнисмени се апсат во Грција, не ги почитувале мерките за спречување на ширење на коронавирусот

Во 43 случаи во цела Грција, од четвртокот до вчера, грчката полиција уапсила 45 лица за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, уапсените не ги почитувале препораките и ги оставиле отворени објекти за кои важат привремените мерки, односно конкретно, работеле училишта за дополнителна настава на ученици, фризерски салони, салони за убавина, кафулиња и сл.

Најголем број од случаите (12) се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, а останатите се во речиси сите делови на Грција, во Солун, на Крит, во западниот, северниот и североисточниот дел на земјата, на Пелопонез итн.

– Контролите продолжуваат со несмален интензитет со цел да се заштити јавното здравје, додаваат од грчката полиција.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

„КАМ маркет“: „Ограничете го купувањето на неделни количини, бидете солидарни“

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Редакција

Планира гасовод и нафтовод и до Македонија, Србија за 24 месеци ќе изгради нафтовод до Унгарија

Редакција

Република Српска ќе побара од Босна и Херцеговина договор за мирно отцепување

Редакција