еМагазин
Image default
Балкан

Каменос: Пред Договорот да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата

Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерото на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека  неговата партија нема да отстапи од позициите.

– Кога и да дојде договорот во парламентот, ако поминат сите процедури од страна на Скопје, Независни Грци ќе ја напуштат владата. Ние тоа јасно го имаме кажано, не можам да се согласам за кое било решение што ќе го дава името Македонија без да му се даде збор на грчкиот народ, рече Каменос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на Независни Грци во интервјуто го објасни и процесот што ќе го следи, доколку договорот меѓу Македонија и Грција дојде на дневен ред во парламентот.

– Од моментот кога премиерот ќе реши овој договор да го донесе во парламентот, ќе одам кај него, ќе му соопштам дека ја повлекуваме довербата за владата и си даваме оставки ние што сме министри од Независни Грци и ќе одам кај претседателот на државата, а паралелно ќе ја повлечам довербата на коалиционата влада на двете партии, објасни лидерот на Независни Грци, додавајќи дека во тој случај, во Грција ќе треба да се одржат избори.

Панос Каменос, освен избори, рече дека постои и друго решение, а тоа е одржување референдум, за грчките граѓани да одлучат дали го одобруваат или не договорот.

– Не разбирам зошто да не се одржи референдум во Грција, а да се одржи референдум во Скопје, коментираше Каменос, говорејќи за „Реал фм“, пренесе МИА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како Дачиќ му ја пее „Каљинка„ на Путин

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку 26 лица: Расте бројот на починати во земјотресот во Турција и Грција

Редакција

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 99 лица

Редакција