еМагазин
Image default
Бизнис

„Факом“ лани оствари добивка од 2,7 милиони денари

Во периодот од 01.01 до 31.12.2019 година „Факом“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во нето износ од 2.780.902 денари наспроти добивката од 2018 година од 15.458.144 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Ова се должи пред се на интензивирање на започнатите работи и договори од минатата година и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во 2019 година. Вкупните приходи во 2019 година изнесуваат 1.148.133.356 денари и истите се намалени за -17% во однос на 2018 година.

Во периодот од 01.01-31.12.2019 година друштвото оствари вкупни расходи од 1.145.352.454 денари кои се за -16% помали во однос на 2018 година. Намалувањето на расходите се должи на намалените расходи за трошоците за суровини и материјали и амортизацијата“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мартин Велковски избран за нов генерален директор и претседател на УО на „Факом“

Разидување со Минчо Јорданов: Генералниот директор Златко Симоновски заминува од „Факом“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бисер-травел“ го доби тендерот на М-НАВ за набавка на авиобилети вреден 146.000 евра

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи

Редакција